Администрацијата на Барак Обама последните часови од мандатот одобрила 221 милион долари за Палестинската Автономна Област, и покрај тоа што помошта била блокирана од републиканците во Конгресот, изјави неименуван претставник на Стејт департментот.
Покрај 221 милиони долари, администрацијата на Обама го известила Конгресот дека на Палестинската Автономна Област ѝ доделува и шест милиони долари за расходи во областа на надворешната политика, вклучително четири милиони за програми во областа на климатските промени и 1,25 милиони долари за организации на Обединети нации.
Конгресот првично одобрил помош за Палестинците од буџетот за 2015 година и за 2016 години, но тие беа блокирани од неколкумина републиканци поради барањето на палестинските власти да добијат полноправно членство во меѓународни организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Израелски војници убиле 52 Палестинци, повеќе од 2.400 ранети (видео)
-
Ердоган: Светските сили да го признаат Ерусалим за главен град на Палестина
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите