Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека некои од пожарите се подметнати од терористи.
Тој предупреди дека властите секој подметнат пожар ќе го сметаат за терористички акт и сторителите ќе бидат казнуван како терористи.
Но, Нетанјаху не посочи дали пожарите се подметнати ниту дали се политички мотивирани.
Десетици илјади луѓе беа евакуирани денеска од Хаифа, третиот по големина град во Израел поради шумските пожари во централниот и северниот дел од државата.
Директорот на израелската полиција Рони Алшеик изјави дека дел од пожарите најверојатно се предизвикани поради политички мотиви.
Во изминатите три дена пожари се регистрирани на многу места во Израел.
Министерот за образование и лидер на крајнодесничарската Бајт јехуди, Нафтали Бенет рече дека можно е да се предизвикани од Арапи или Палестинци.
Од полицијата не соопштија за уапсени, но според нив постојат основани сомневања дека дел од пожарите се предизвикани намерно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.