Вечерва, 15 јануари, во 19.00 часот во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од уметниците членови на ДЛУП (Друштво на ликовни уметници Прилеп)…
На изложбата ќе се претстават 20 уметници кои ќе го презентираат најновото творештво.
Со отворањето на оваа изложба ЦК „Марко Цепенков“ ја започнува програмата за работа на ликовен план за 2016 година.
– И годинава ќе се потрудиме на прилепските љубители на ликовната уметност да им го понудиме најдоброто на полето на ликовната уметност во земјата, велат од Центарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.