| четврток, 6 декември 2018 |

Нов смртен случај од ебола во Сиера Леоне

Неколку часа откако Светската здравствена организација (СЗО) вчера прогласи крај на епидемијата на ебола во Западна Африка, властите во Сиера Леоне соопштија дека едно лице починало како последица на оваа болест.

ebola-congo

Крај на епидемијата на ебола во Сиера Леоне официјално беше прогласен уште на 7 ноември минатата година, а по Гвинеја на 29 декември, вчера, 42 дена по последниот регистриран случај, СЗО прогаси крај на епидемијата и во Либерија, а со тоа и во целиот регион на Западна Африка.

Но сега, како што јави „Би-Би-Си“, властите во Сиера Леоне информираа дека тестовите на примероци од едно дете што починало во северниот дел на земјата, покажале дека смртта кај него настанала како последица на инфицираност од вирусот на еболата.

Во соопштението на Министерството за здравство на Сиера Леоне не се посочува кога починало детето.

Портпаролот на Министерството, Сиди Јахја Тунис за „Би-Би-Си“ изјави дека присуството на вирусот на еболата во примероците од детето, кое починало во округот Тноколили, го потврдиле британски епидемиолози.

Од појавата на болеста во декември 2013 година, во Сиера Леоне починаа речиси 4.000 лица, а во целиот регион 11.300.

Вчера при прогласувањето на крајот на епидмеијата на ебола во Западна Африка, СЗО предупреди дека во тој регион сепак се можни појави на изолирани случаи на болеста.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top