| четврток, 6 декември 2018 |

Maја Оџаклиевска: Душата не ми пее поради Лука

Од кога дозна дека нејзиниот шестгодишен внук Лука боледува од аутизам, на Маја Оџаклиска веќе не ѝ е до пеење, пишува српскиот портал „Вести онлајн“.

Всушност, не ѝ е до пеење уште од смртта на Тоше Проески , пишува порталот, додавајќи дека две и пол години по трагичната сообраќајка, пејачката не можела да запее.

Од смртта на Тоше мојот глас почна да се топи. Ако душата не ми пее, ми се стега грлото, дијафрагмата ми се грчи, повеќе звучам како стара баба од 80 години, отколку како пејачка. Не ми пее душата поради мојот внук Лука и неговиот аутизам. Не сум фолирант, ги следам своите емоции, а сега немам сила, волја, мотивација… Не сум веќе таа старата Маја. Немам веќе потреба, ниту желба за сцена. Кога одам во кафеана гледам да се скријам во агол, да се маскирам и никој да не ме препознае и да не ме замоли да пеам – раскажува пејачката.

Оџаклиевска вели дека последен пат пеела пред два дена, кога се нашла со Екстра Нена и Марија Шерифовиќ сосем случајно во фризерски салон.

Беше преубава атмосфера, па запеав. Само, ретки се таквите моменти. Некогаш му пеам и на мојот Лука. Кога ќе ме гушне со своите рачиња, кога во неговите очиња ќе видам сјај, срцето ми игра, тогаш и гласот затреперува – вели Маја.

Таа додава дека можеби повторно ќе пее како некогаш во тој момент кога нејзиниот внук ќе прозбори, ако тоа се случи.

Дај Боже да се случи тоа. За тој момент живеам и се надевам – додава таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top