| четврток, 6 декември 2018 |

Естрадни швалери на кои љубовните афери им дошле преку глава (фото)

Голем број познати личности имаат вонбрачни деца, но ретко или воопшто не зборуваат за нив. Едните не сакаат да се навраќаат на „гревовите од младоста“, но има и такви што ги признале своите деца, без оглед дали се родени во брак или надвор од него со некоја друга жена што не им е сопруга.

швалери

Маринко Роквиќ

Маринко Роквиќ сега отворено зборува дека има син Дарио во Канада,  но не беше секогаш така. Пејачот го криел синот и од своето семејство иако го признал веднаш по раѓањето. Неговата сопруга  и децата дознале дека Дарио постои дури кога вториот син на Маринко, Никола, навршил 16 години.

маринко

-Тоа се случи одамна. Мислам, се случи како што се случи. Тој се роди од една  средба. Тоа не  беше врска, ниту забавување. Јас дури не бев ни сигурен дека детето е мое. Младост – лудост. Тогаш не бев женет, а подоцна мојата сопруга инсистираше да провериме дали детето е навистина мое. Се потврди дека Дарио е мој син – изјавил Маринко во една пригода.

Дарио минатата пролет дошол во Белград каде што се сретнал со татко му и со браќата.

-Познато е дека Дарио го признав како вонбрачно дете уште пред речиси три децении. Јавно кажав и дека станав дедо кога тој го доби неговиот прв син. Со Дарио никогаш не живеев, но го признав. Тој ги познава неговите полубраќа – изјавил Роквиќ.

Мирослав Илиќ

Пред триесет години Мирослав Илиќ на турнеја во Америка ја запознал Мирјана Антоновиќ со која имал авантура од која се родил Девен. Мирјана дошла со синот во Србија да го убеди пејачот да го признае детето. Меѓутоа славејот од Мрчајевци упорно тврди дека целата таа приказна е наместена и не сака да зборува за тоа.

мирослав

-Ја познавам госпоѓата и ви велам дека треба да бидете внимателни со психопати од тој вид. Ја немаше во мојот живот 20 години, а сега наеднаш се појавува. Тоа момче не е мој син, тоа се измислици – изјавил Мирослав.

Драган Којиќ

Кеба поминал една ноќ со Љиљана Јевремовиќ, која тврди дека му ја родила ќерката Ина и бара голема отштета од пејачот. Тие сè уште се судат, а иако Кеба не ја признал ќерката, тој изјавил дека  уредно ја плаќа алиментацијата.

кеба

Љиљана, пак, тврди дека тоа не е точно и за ќерката ги бара истите права што ги имаат Наташа и Игор Којиќ, децата на Кеба од бракот со Оља.

Шабан Шаулиќ

Шабан го признал вонбрачниот син Роберт, кој го добил со извесна Невенка. Роберт од татко му добил вистинско богатство, но тој престанал да го издржува кога станал работоспособен.

шабан

 

-Првпат го видов кога имаше пет години и постапив како човек. Не барав никаков доказ дека тој е мојот син. Едноставно, го признав, без какви било проверки. Му давав пари и повеќе од што му беа потребни. Но сега дојде до проблем затоа што не сакам да издржувам човек што има 37 години – изјавил Шаулиќ.

Синиша Михајловиќ

Поранешниот фудбалер никогаш не криеше дека имал аванатура од која го добил синот Марко.

синиша

-Откако дојде на овој свет го доби моето презиме и јас го издржувам. Тој живее во Италија и се грижам за него, исто како и за другите пет деца. Со него поминувам помалку време, но редовно се слушаме по телефон, тој доаѓа кај мене, одиме заедно на одмори. Нормално функционираме и би го споредил тој однос со однос на децата со разведени родители што се во добри односи – изјавил во една пригода Синиша.

Миле Китиќ

Како што зборуваат жителите во Тузла, една нивна сограѓанка со години се фалела дека има вонбрачен син со Китиќ, кој го зачнале пред дваесет години кога Миле имал таму концерт.

миле

Наводно, тие се запознале во Германија, во Франкфурт, на една свадба каде што тој пеел, по што и почнала нивната романса. Таа сакал да име дете со него, но тој не сакал ни да слушне за тоа. Кога се породила му се јавила да му каже дека имаат син и дека треба да се венчаат. Миле, кој, пак, веќе бил во брак со сегашната сопруга Марта Савиќ не сакал ниту да слушне за такво нешто и наводно се договориле тоа да остане тајна. Миле, според договорот, редовно ја посетувал во Германија, го гледал детето и давал  пари за сè што му е потребно за синот. Таа подоцна се омажила за богат Германец и родила уште две деца.

 Александар Коларов

Најсвеж пример е случајот со фудбалерот на Манчестер сити , Александар Коларов, кој во октомври 2015 година го добил синот со љубовницата Кристина Мијачевиќ. Синот го признал две недели по неговото раѓање и му го дал своето презиме.

коларов

Коларов и Кристина и ставиле крај на аферата  пред неколку месеци, поточно додека била во рана бременост.  Тие биле во контакт и по прекинување на врската поради тоа што Александар се интересирал како напредува бременоста на Кристина. Кога се породила, Кристина сама го одбрала името на бебето, а по излегувањето од болница тој се презивал Мијачевиќ. Меѓутоа, пред една недела фудбалерот го признал детето и му го дал презимето Коларов. Александар по аферата со Кристина се смирил со сопругата Весна, која му ја простила прељубата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top