Пејачот Драган Којиќ Кеба во саботата навечер заврши на информативен разговор во Безбедносно-информативната агенција, поради како што е наведено, загрозување на националните интереси.
Фолкерот, после се,со оваа изјава го објасни целиот случај:
-Ја слушнале мојата песна која ќе ја објавам во декември. Не знам како воопшто дошле до снимката. Заклучиле дека песната не е погодна за националниот интерес, така што морав да дадам изјава и објаснување – рекол Кеба за медиумите.
-БИА не се занимава со песни, особено не со оние кои не се објавени. Тоа е смешно. Дури и да е некој специфичен случај, ќе се дозволи прво да биде објавена, а потоа да се реагира. БИА е сериозна полиција – изјавил Божидар Спасиќ, поранешен член на специјалниот тим на Службата за државна безбедност.
Меѓутоа, подоцна до медиумите приситгнало и официјално соопштение од БИА за целиот случај, кое во целост ги демантира медиумските натписи:
-Припадници на БИА на ден 28.9.2017 година вршејќи ги своите редовни работни задачи за заштита на безбедноста на Република Србија, а поради собирање известувања, односно идентификација на сопственикот и корисникот на возилото за кое постои сомнени дека е објект во кој е извршено кривично дело, извршија разговор и со Драган Којиќ. Истакнуваме деканаведениот разговор нема никаква рска со било каква песна на споменатиот Којиќ и во истата прилика се разјаснети сите околности поради кои разговорот е направен – се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.