| четврток, 6 декември 2018 |

Кеба приведен поради песна

Пејачот на фолк музика во Србија Драган Којиќ Кеба, бил на информативен разговор во Безбедносно-информативната агенција на Србија, поради песна, пренесе N1.

Тој не сакал да изнесе детали од разговорот туку само навел дека тема била неговата нова песна за која во БИА процениле дека „не е подобна за националниот интерес“.

Исто така, не сакал да каже детали од разговорот затоа што не смеел, а за повеќе информации рекол дека треба да се праша во БИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top