| четврток, 6 декември 2018 |

Деми Мур е во Белград, ја разденило со Мирослав Илиќ

Холивудската актерка Деми Мур од саботата е во Белград и речиси секоја вечер, наводно, е излезена со пријателите и лумпува по тамошните кафеани.

Наводно една од вечерите ја поминала на Скадарлија, каде уживала во деликатесите, но и добро се забавувала.

“Се воодушеви од храната, особено од пршутата, сирењата и тазе лепињи. Со друштвото беа највесели од сите, особено кога им дојдоа тамбурашите. Таа не знаеше ниедна песна, но и се допаднаа хитовите на Мирослав Илиќ. Уживаше во “Девојка из града”, “Поломиќу чаше од кристала” и “Поздрави је, поздрави”, открил извор за српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top