| четврток, 6 декември 2018 |

Трета инвестиција за три дена – почнува изградба на фабриката на „Акомпласт“ во Прилеп

acooПретседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска  ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на фабрика на германската компанија Акомпласт, во Tехнолошко индустриската развојна зона – Прилеп.

Почнува изградбата на новата фабрика на германски „Aкомпласт“ во слободната економска зона во Pрилеп. Попладнево се поставува камен – темелник на новиот објект за производство на пластично моделирани делови за автомобили.

Пред да почнат да ги градат погоните во слободната зона, германците стартуваа со браунфилд инвестиција од градот. Инвеститорот најави дека ќе вложи неколку милиони евра и ќе отвори 250 работни места, а рече и дека е задоволен од поддршката што ја добива и од квалификуваната работна сила.

За три дена ова е трета инвестиција во земјава, по онаа во велешка „Порцеланка“ и новиот германски инвеститор „ГЕС“ во Бунарџик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top