Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на фабрика на германската компанија Акомпласт, во Tехнолошко индустриската развојна зона – Прилеп.
Почнува изградбата на новата фабрика на германски „Aкомпласт“ во слободната економска зона во Pрилеп. Попладнево се поставува камен – темелник на новиот објект за производство на пластично моделирани делови за автомобили.
Пред да почнат да ги градат погоните во слободната зона, германците стартуваа со браунфилд инвестиција од градот. Инвеститорот најави дека ќе вложи неколку милиони евра и ќе отвори 250 работни места, а рече и дека е задоволен од поддршката што ја добива и од квалификуваната работна сила.
За три дена ова е трета инвестиција во земјава, по онаа во велешка „Порцеланка“ и новиот германски инвеститор „ГЕС“ во Бунарџик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме


