Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска побара одлагање на судењето на Зоран Заев за случајот „Пуч“ за месец март. Според неа треба време додека да ги разгледа доказите. За случајот „Пуч“ е закажано ново рочиште за 2 март, а целиот тим на Катица Јанева ќе врши увид во случајот.
Во Основниот суд Скопје-1 за денеска беше закажано ново рочиште за случајот „Пуч“ , во кој како четвртообвинет е лидерот на опозициската партија СДСМ.
Овој судски процес на неколку пати беше одложуван. Зоран Заев не доаѓаше во судница со образложение дека бара овој предмет да биде предаден во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. Во текот на минатиот месец предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство, и Зоран Заев минатото рочиште се појави во судот. Но и тогаш судењето беше одложено затоа што Специјалното јавно обвинителство побара да се запознае со содржината на доказите, кои не беа вклучени во обвинителскиот предмет, кој им беше доставен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.