Данските арбитри Мартин Гјединг и Мадс Хансен ќе бидат задолжени за делење на ракометната правда на петочниот премиерен натпревар од ЕП 2016 во Краков, во кој Македонија ќе ги одмери силите со селекцијата на Франција.
Гјединг и Хансен важат за арбитри што не потклекнуваат под притисок, а на македонската јавност и се познати по критиките што беа упатувани кон нив поради арбитражата на мечот во Скопје меѓу Вардар и Барселона.
На вториот натпревар од првото коло во групата А во Краков, дуелот меѓу Полска и Србија, судии ќе бидат Штарк и Штефан од Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.