| четврток, 6 декември 2018 |

Стравот од поплави ја тера Словенија да тргне дел од жицата на границата

сло

Словенечката војска почна да трга дел од бодликавата жица на границата со Хрватска поради приливот на бегалците, затоа што постои опасност истата да биде однесена од водите на надојдената река, пренесува РТС повикувајќи се на словенечките медиуми.

Војската отстранила помеѓу 200 и 300 метри бодликава жица кај селата Грибље и Драгатус, околу 110 километри јужно од Љубњана каде се излеа реката Колпа и се заканува да ја однесе оградата.

Владата во Словенија во понеделникот соопшти дека ќе отстрани делови од оградата каде нивото на реката Колпа е високо и дека набрзо ќе ги замени со поотпорна ограда. Колпа одбележува 100 од вкупно 670 киклометри на границата помеѓу Словенија и Хрватска.

Словенија инаку денес ги појасни и новите ограничувања за приемот на мигранти и бегалци од Хрватска кои беа воведени на барање на Австрија, но ги негираше наводите дека Австрија ги одбива сите оние за кои е докажано дека се економски мигранти и дека ги враќа во Словенија.

Австрија како што наведува словенечкото МВР и понатаму ги прима мигрантите, освен ако се докаже дека тие го прикривале вистинскиот идентитет, на пример ако рекле дека доаѓаат од Сирија иако со помош на преведувачи од арапски јазик се докажало дека се од други земји.

Истите постапки за подобра идентификација на мигрантите и бегалците без документи неодамна врз основа на истиот договр ги воведе и Словенија, а мигрантите што Австрија и ги враќа, ги сместува во бегалски центри за повторна идентификација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top