Снежни врнежи со температури длабоко под нулата најавуваат метеоролозите на популарниот веб сајт за временска прогноза Акуведер.
Тие издадоа предупредување за снежна бура над Скопоје во периодот за викендот.
Од македонската УХМР најавуваат дека времето утре ќе биде променливо облачно, во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На запад ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на планините. Минималните температури ќе се движат од 1 до 6, а максималната од 5 до 11 степени.
Во Скопје утре променливо облачно со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува умерен западен ветер со температури од 4 до 9 степени.
За во четврток ќе има преодно стабилизирање. Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, а од сабота се очекува позначително заладување со северен ветер и врнежи од снег.
На подолг рок метеоролозите редвидуваат дека идната недела ќе биде навистина студена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.