| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј ја посакува сегашната форма на Ѓоковиќ

marej-640x294

Британскиот тенисер Енди Мареј изјави дека му треба форма во каква што во моментов се наоѓа Новак Ѓоковиќ за да победи на Отвореното првенство на Австралија.
Грен слемот во Мелбурн почнува следната недела, а според Мареј, за да се освои трофејот ќе треба да се барат и слабостите во играта на ривалите.

– Треба постојано да се стремиш кон подобро, но важно е да ги следиш и конкурентите од кои може и нешто да се научи, но и да се побара некоја нивна слабост. Новак игра во одлична форма, ама не сум сигурен дека тоа може да трае подолг период – вели Мареј.

Своето прво финале во Мелбурн тој го одигра во 2010 година кога загуби од Рожер Федерер, а во 2011, 2013 и 2015 година Ѓоковиќ беше подобар од него..

Мареј беше принуден да ги напушти подготовките во Мелбурн поради тоа што мораше да се врати кај својата сопруга во Лондон, која во моментов има мали проблеми со бременоста.

Британецот вели дека негов приоритет оваа година е да победи на Отвореното првенство во Австралија.

– Многупати сум бил на чекор до трофејот, а тој е една од моите главни цели оваа година. Исто така, имам цел да го одбранам златниот медал на Олимписките игри во Лондон – додаде Мареј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top