| четврток, 6 декември 2018 |

Страујума предлага протерување на економските мигранти

еми

-Европа треба да ја преразгледа својата политика и да депортира економски мигранти – изјави денеска летонскaта премиерка Лајмдота Страујума.

– Околу половината од сите бегалци се економски мигранти. Тие би требало да бидат вратени, но веќе се низ цела Европа – изјави таа во интервју за летонската национална телевизија.

Таа ја префрли одговорноста за ситуацијата со мигрантите на Европската комисија и „некои држави од ЕУ“. – Европа делумно ги признава грешките за политиката на прием на бегалци и вложува големи напори за обезбедување на границите – наведува летонската премиерка.

Според најнова анкета, над 78 отсто од Летонците се против одлуката на Владата за прием на 531 мигрант од Блискиот исток и од Африка кои се мометно во Грција и во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top