| четврток, 6 декември 2018 |

Новинар тврди дека стасал од Турција до Париз без документи, Хрватска го демантира

novinar(1)

Новинарот на британски „Сан“Емил Гесен, тврди дека успеал патот од Турција до Париз да го помине за само шест денапритоа никому да не му го покаже својот пасош. Триесетчетиригодишниот Гесен прво во Турција им платил на криумчарите да го превезат во Грција. Се претставувал како Иранец, а глумел дека англискиот јазик го познава многу слабо. Патот кој го преземал Гесен е сличен на рутата што ја поминале париските бомбаши.

Иако челниците на ЕУ договориле контролите на границите да биде построги, овој полу Сириец и поранешен маринец тврди дека неговиот пат докажал дека Европа е сѐ уште мошне ранлива.

Првите два дена од патувањето кон Париз Гесен ги поминал во Турција каде многу брзо пронашол криумчар кој ќе го префрли во Грција.

– Криумчарот ми рече дека ќе не има 25-мина на бродот кој ќе не префрли на грчкиот остров Киос – пишува „бегалецот“ во својот дневник на патувањето.

Преку морето тргнале рано наутро третиот ден. Наместо 25 најавени луѓе на малиот брод се качиле 45 луѓе вклучувајќи 15 деца. На патувањето ги испратил еден тинејџер кој им рекол да пловат кон светлата. Доколку видат патролни бродови ги предупредил да ги изгасат сите светла на бродот и да се обидат да бидат што потивки. По успешното преминување продолжиле понатаму. Во Атина била после седум часа патување, а ниту во еден момент никој не го прашал за документи. Четвртиот ден Британецот со сопатниците пристигнал од македонската па се до хрватската храница без никаква проверка. Македонско-грчката граница вели дека ја поминал најлесно, без никаков проблем и потоа изнајмил такси со кое стигнал до границата со Србија.

Откако влегол во Хрватска видел дека се врши проверка на сите бегалци.

– Одлучив да ризикувам и се обидов да купам регуларна карта за Загреб. Очекував дека ќе ме сопре полиција. Возот запре и граничните полицајци дојдоа да ги проверат пасошите. Се скрив во тоалетот и ја оставив вратата отклучена така што да изгледа дека не е зафатено. Слушнав дека полицајците заминале и ние тргнавме. Четири часа подоцна бев во Загреб и ја поминав ноќта во хостел – пишува во својот дневник Гесен кој успеал без никаква контрола да пристигне во Загреб. Тоа било во понеделник на 23 ноември.

До Париз стасал откако променил уште неколку возови кои возеле преку Саловенија, Австрија и Германија. Успеал да избегне уште неколку проверки, а во тоалет и се сокрил и на полицијата во Германија. Пристигнувајќи во Париз се симнал на една станица во предградието за да ги избегне можните проверки на главната железничка станица.
За само шест дена Емил Гесен, во екот на најголемата приправност на цела Европа без никаква проверка поминал неколку илјади километри долг пат без на некого да му покаже ниеден документ.

Демант од МВР на Хрватска

Меѓутоа, Министерството за внатрешни работи од Хрватска го демантираше новинарот дека е целосна невистина дека поминал без да биде евидентиран. Хрватаското МВР за овој случај објави и демант во кој тврдат дека тврдењата дека не е евидентиран Гесен се целосно невистинити.

“МВР на Хрватска остро го демантира делот на текстот објавен на веб-страницата на британскиот весник „Сан“ во кој беше објавено дека новинарот ја поминал границата на Република Хрватска без притоа да биде евидентиран од граничната контрола од страна на хрватската полиција.

Имено, тоа се лажни и неточни тврдења, бидејќи граничната полиција на Хрватска го евидентирала Емил Пјер Гашен на 23 ноември 2015 во 14:10 часот на железничкиот граничен премин Товарник при влез во Република Хрватска, додека на 24 ноември во 17:20 часот е евидентиран на аеродромскиот граничен премин Загреб (Плесо аеродром), на излез од Република Хрватска.

Како доказ за ова МВР од Хрватска го објави и пасошот кој е скениран за време на граничната проверка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top