Премиерот Никола Груевски за време на еднодневна посета на Вашингтон добил силна поддршка за за евроатланските интеграции и членството на Македонија во НАТО. Евроатлантската интеграција на Македонија е потреба и во функција на регионалната стабилност и безбедноста.Македонија во САД гледа стратешки партнер и планот е двете земји во иднина дополнително да ги зацврстат односите и да ја продлабочат економската соработка.
Премиерот се сретна со претседателот на законодавниот комитет на конгресот Пити Сешн што всушност е еден од највлијателните комитети и со помошник секретар за национална безбедност Ален Берсин. Во фокусот на разговорите биле безбедноста на регионот, трговската размена и мигрантската криза.
Сешн, како што се соопштува, ја поддржал економската политика на земјата. Истакнал дека ќе продолжи со своите заложби за продолжување на поддршката на американскиот Конгрес и конгресните комитети на нашата земја во областите во кои е потребно.
– Добродојдовте, почестен сум од вашата посета. Ви благодарам што одвоивте време. Америка се гордее со вас, за вашиот економски раст и развој, за вашите идеи со кои ја направивте земјата подобра. Ви благодарам што одвоивте време да ме посетите денеска. Вашата посета на САД е добра за САД – посочи Сешн на почетокот на средбата со македонскиот премиер.
На средбата со Берсин клучна тема биле можностите за унапредување на соработката на САД во областа на безбедноста и превенцијата од безбедносни ризици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)