| четврток, 6 декември 2018 |

Сешн до Груевски: Вашето присуство во Вашингтон е значајно за САД (видео)

Gruevski- Pit Seshns 5

Премиерот Никола Груевски за време на еднодневна посета на Вашингтон добил силна поддршка за за евроатланските интеграции ­и членството на Македонија во НАТО. Евроатлантската интеграција на Македонија е потреба и во функција на регионалната стабилност и безбедноста.Македонија во САД гледа стратешки партнер и планот е двете земји во иднина дополнително да ги зацврстат односите и да ја продлабочат економската соработка.

Премиерот се сретна со претседателот на законодавниот комитет на конгресот Пити Сешн што всушност е еден од највлијателните комитети и со помошник секретар за национална безбедност Ален Берсин. Во фокусот на разговорите биле безбедноста на регионот, трговската размена и мигрантската криза.

Сешн, како што се соопштува, ја поддржал економската политика на земјата. Истакнал дека ќе продолжи со своите заложби за продолжување на поддршката на американскиот Конгрес и конгресните комитети на нашата земја во областите во кои е потребно.

– Добродојдовте, почестен сум од вашата посета. Ви благодарам што одвоивте време. Америка се гордее со вас, за вашиот економски раст и развој, за вашите идеи со кои ја направивте земјата подобра. Ви благодарам што одвоивте време да ме посетите денеска. Вашата посета на САД е добра за САД – посочи Сешн на почетокот на средбата со македонскиот премиер.

На средбата со Берсин клучна тема биле можностите за унапредување на соработката на САД во областа на безбедноста и превенцијата од безбедносни ризици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top