| четврток, 6 декември 2018 |

Емигрантите и сексот

Ацо Станковски

Ацо Станковски

Коментирајќи со моите пријатели и соработници при апсурдните креативни потфати на андерграундот, по повод најновиот глобален социјално-политички феномен, креиран во мрачните лаборатории на владетелите од сенка, каде што главните протагонисти се токму бегалците од Блискиот Исток и од северна Африка, заклучивме дека најголемата мотивација за нивната лудачка „одисеја“, во која многу од нив се збогуваа од овој свет и животот, е токму сексот.

Овој наш заклучок, кој заеднички го инаугуриравме врз база на нашите обемни и комплексни животни искуства, потрошени на разните меридијани на планетава и по разни, понекогаш екстремно егзотични култури, тешко поимливи за нашата традиција, се покажа како точен, токму во последниве недели, кога овие длабински и непоколебливи тенденции на црномурниве емигранти дојдоа до полн израз токму при дочекот на Новата година во многу големи градови во централна и во северна Европа.

Впрочем, и пред да се случи емигрантската криза, пред многу, многу години, сите тие што знаеја своето време и пари да ги потрошат во зоните на „исламскиот свет“ и да го опсервираат како спонтани антрополози-аматери, таму видоа еден неверојатен општествен феномен, кој како, во најмала рака, да излегол од мрачните длабини на средниот век и кој тврдокорно и фанатично опстојува на својата неподнослива крутост за многу прашања, од кои, како наједидентно, се појавува начинот на поимањето на родовите права, на половата еднаквост и дискриминација, на феноменот на сексуалните слободи и нивното стравотно потискање и цензура.

Оваа крутост и табу по прашањата на слободата на жената и на нејзината еротичност, сфатена како култура и еден вид општествена естетика произлезена од традиционалната и од современата култивизација на сексуалната привлечност, за овие хибернирани феудални општества е ерес од најекстремен вид, а колективната стигма за одредени револуционерни индивидуи, во врска со ослободувањето на овие современи робови за овие девојки и жени е драконска, а понекогаш доведува до летални казни или, пак, општествено прифатени линчувања, па дури и колективни масакри.

Шеријатот, кој како да излегол од некакви сточни задруги, каде што животните се заменети со луѓе, создава неподнослива фрустрација кај стотиците милиони млади жени и мажи, чиешто либидо пулсира аналогно на жешкото пустинско сонце, кое од пладневната мрзливост и апатија создава еротски вулкан, кој еруптира во ноќта и им ги одзема когнитивните капацитети на овие сексуални фантазери, кои никако да се ослободат од своите ужасно силни желби за секс и за оргазам, кој е единствен природен механизам за ослободување од ужасот на сексуалните фрустрации, кои ги бијат во главата како вжарени топки од олово и никако не им даваат мир и хармонија.

Ова е тежок живот за младите луѓе во овој пеколен свет, кој еротските авантури ги мери со крвав јатаган над исечените глави на невнимателните љубовници, фатени во еротска интеракција.

Дури и најбенигните манифестации на телесност и на еротичност, како што е држење за рака меѓу момчето и девојката, знаат да бидат сурово казнети. Да не зборувам за еротската мода или за облекувањето, кое покажува дел од нозете, разголени раце или, пак, некакво деколте. За бакнеж треба револуционерно херојство во овие општества. Доколку дојде до вакво дејствие на некое недоволно затскриено место, учесниците може да завршат со крвави усти и носеви и со по некој скршен заб. Понекогаш доаѓа и до колективно каменување.

А, што да кажеме за фереџето, за бурката? Сѐ да се покрие, а само очите да бидат откриени, за субјектот да може да се движи непречено по суровиот и репресивен простор, каде што владеат овие примитивни, средновековни закони.

Дали сите овие исфрустрирани луѓе од Блискиот Исток и од северна Африка се жртви на долготрајниот и суров колонијализам од страна на Западот или, пак, на својата рестриктивна и параноична религија, која ги фаворизира екстремниот патријархален менталитет и стравотната дискриминација на жената?

Да се појми жената, нашата втора половина, сонцето на постоењето, најголемата инспирација во животот, мотивот на љубовта и убавината, меката и префинета мудрост и нежност на егзистенцијата, храмот на животот и сета емпатија и сочувство, што во овој свет може да се доживее, убавината на божествениот дизајн, есенцијата на поетското поклоништво, вечната инспирација на уметниците, значи, да се појми ова најсовршено и најубаво суштество во вселената, што Севишниот го создал во последната фаза од Неговата света креација – како стока, како коза, овца, крава, камила, биволица или било каков добиток, па дури и како кукла на надување за задоволување на сексуалните потреби на машкиот шовинизам, е не само погрешно и неприфатливо поимање на жената, туку е и грев, и криминал против човештвото.

А овие кутри еротизирани емигранти, млади мажи, што насетиле сексуални слободи во западните општества гледајќи еротски и порнографски содржини на интернет, се запалиле до лудило и тргнале кон континентот на слободната љубов, кон Китера, кон островот на сексот за да го исфрлат својот спермален млаз, што ги мачи и полудува, врз јадрите тела на нордиските убавици. Па, нека чини, колку што чини.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top