| четврток, 6 декември 2018 |

Семејните врски на македонската естрада – товар или виза за успех

Праз­ни­ци­те се вре­ме што нај­че­сто го по­ми­ну­ва­ме со се­мејс­тво­то. На не­кои се­мејс­тва, се­пак, им е по­за­бав­но откол­ку на дру­ги­те, по­себ­но ко­га во нив­ни­те ге­ни е му­зи­ка­та и по­го­ле­ми­от дел од чле­но­ви­те се му­зи­ча­ри.

Ма­ке­до­ни­ја е пол­на со та­лен­ти­ра­ни се­мејс­тва и со поз­на­ти род­ни­ни. Нај­че­сто си­но­ви­те ја про­дол­жу­ва­ат ра­бо­та­та на та­тков­ци­те и ги за­ме­ну­ва­ат ка­ко струч­ња­ци во нив­на­та про­фе­си­ја, би­ло да е тоа му­зи­ка­та, актерс­тво­то, умет­но­ста. Кол­ку од тоа има ќар, а кол­ку ште­та?

По­крај до­бри­те ге­ни, врз нас­лед­ни­ци­те се пре­не­су­ва и слав­но­то се­меј­но пре­зи­ме, кое не­ко­гаш мо­же да би­де преч­ка за сопс­тве­ни­те ус­пе­си.

ПОЗНАТИ ТАТКОВЦИ И ПОПОЗНАТИ СИНОВИ

scena173-uspesni-semejstva-Dzambazov

По стап­ки­те на сво­и­те поз­на­ти та­тков­ци трг­на­ле мно­гу си­но­ви. Про­фе­си­ја­та се про­дол­жу­ва од ко­ле­но на ко­ле­но и не ре­тко уче­ни­ци­те ги над­ми­ну­ва­ат сво­и­те учи­те­ли.

Ма­е­стро Але­ксан­дар Џам­ба­зов по­ло­ви­на век ѝ по­све­ти на ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка. Мно­гу­број­ни­те на­гра­ди не се до­во­лен до­каз за тоа што го оста­вил зад се­бе по­ста­ри­от Џам­баз. Не­го­ви­от син, пак, од не­го не ја нас­ле­ди са­мо смис­ла­та за до­бра му­зи­ка, ту­ку и онаа за до­бар ху­мор.

– Ги има не­кол­ку та­кви за кои умет­но­ста не е фо­ли­ра­ње, не­ма ком­про­ми­си, не се бит­ни па­ри­те – има чи­ста умет­ност или не­ма умет­ност. Та­ка жи­вее и, ве­ро­јат­но, та­ка ќе жи­вее до кра­јот на сво­јот жи­вот –во ед­на при­го­да, за „Ре­пуб­ли­ка“, ве­ли Игор за сво­јот та­тко.

Игор Џам­ба­зов, кој со де­це­нии ќе оста­не не­за­мен­лив шо­у­мен, та­лен­тот за глу­ма го нас­ле­ди од дру­га­та стра­на. Не­го­ва­та мај­ка, Ан­че Џам­ба­зо­ва, оста­ви огро­мен бе­лег во ма­ке­дон­ска­та филм­ска и те­а­тар­ска исто­ри­ја, што бе­ше со­се­ма оче­ку­ва­но би­деј­ќи е ќер­ка на актер­ска­та ле­ген­да, единс­тве­ни­от Пе­тре Пр­лич­ко.

Пре­ку „Леб и сол“, све­тот го слуш­на нај­до­бри­от та­па­нар од Ма­ке­до­ни­ја. Га­ра­бет Та­вит­јан по­ста­ри­от, де­нес таа ти­ту­ла му ја пре­да­ва на сво­јот пом­лад син Га­ро Ју­ни­ор. Ди­ран, пак, по­ста­ри­от син во се­мејс­тво­то му­зи­ча­ри, ре­ши де­ка на Та­вит­јан им се до­ста та­па­на­ри и се по­све­ти на сво­ја­та пр­ва љу­бов, кла­ви­рот.

scena173-uspesni-semejstva-Tavitjan

Бра­ќа­та Та­вит­јан, исто ка­ко и нив­ни­от та­тко, жи­ве­ат и ди­шат пре­ку му­зи­ка­та. Де­нес се вбро­ју­ва­ат во нај­поз­на­ти­от и нај­ква­ли­те­тен ма­ке­дон­ски му­зич­ки из­воз, со не­кол­ку кон­цер­ти го­диш­но во све­тот.

Иа­ко по­пу­лар­но­ста по­ве­ќе ја здо­би ка­ко во­ди­тел со не­се­којд­не­вен на­рав, Дра­ган Ву­чиќ е, всуш­ност, ком­по­зи­тор, кој ги на­пи­ша евер­гри­ни­те „Сви­ре­те ја Зај­ди,зај­ди“ и „Ан­ге­ли ме но­сат“. Тој дол­го вре­ме го тур­ка­ше сво­јот син во му­зич­ки­те во­ди ка­ко пе­јач, па ду­ри и го ис­пра­ти на „Евро­ви­зи­ја“, но Мар­тин Ву­чиќ ста­на вр­вен пер­ку­си­о­нист.

Афи­ни­те­ти­те кон на­род­на­та му­зи­ка на сво­јот та­тко Ван­чо Та­ра­бу­нов, во пос­лед­но сѐ по­ве­ќе ги пре­зе­ма и Але­ксан­дар. Иа­ко во јав­но­ста се прет­ста­ви пре­ку „Идол“ и ка­ко љу­би­тел на поп-рок, Та­ра во пос­лед­но вре­ме ком­по­ни­ра и на­род­ни пес­ни.

И двај­ца­та си­но­ви на ма­ке­дон­ски­от ком­по­зи­тор и про­ду­цент Ди­ми­тар Ма­сев­ски го нас­ле­ди­ја на му­зич­ки план. Але­ксан­дар и Кри­сти­јан ја про­дол­жи­ја сла­ва­та на пре­зи­ме­то Ма­сев­ски, има­ат сопс­тве­но сту­дио во кое ре­а­ли­зи­ра­ат но­ва му­зи­ка.

Ту­ка се вбро­ју­ва­ат и ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка ле­ген­да За­фир Ха­џи­ма­нов и не­го­ви­от син Ва­сил, де­нес свет­ски приз­нат џез-му­зи­чар.

Hadzimanov 04 (Custom)

Ко­ста, си­нот на не­ко­гаш­ни­от гра­до­на­чал­ник на Скоп­је Три­фун Ко­стов­ски, од сво­јот та­тко не ги нас­ле­ди са­мо до­бра­та смис­ла и чув­ство за биз­нис, ту­ку и афи­ни­те­тот кон му­зи­ка­та. Ко­га Три­фун пе­е­ше „Ср­це те­то­ви­ра­но“, Ко­ки бе­ше дел од „Но­ви деч­ки“.

ТИ СИ ЌЕРКО ТАТИН СИН

Кој не­мал сре­ќа да до­бие син, имал по­го­ле­ма сре­ќа да до­бие ќер­ка нас­лед­нич­ка.

Ма­ке­дон­ска­та фолк-ле­ген­да Го­це Ар­на­у­дов та­лен­тот го пре­не­се на ќер­ка­та Кри­сти­на. На­ум Пе­тре­ски, пак, по­ле­ка ѝ ја пре­пу­шта сце­на­та на нај­ста­ра­та ќер­ка Ана­ста­си­ја, ко­ја и са­ма­та е поз­на­та пе­јач­ка на на­род­ни пес­ни.

Иа­ко не го нас­ле­ди во не­го­ва­та про­фе­си­ја, ќер­ка­та на акте­рот Дим­че Ме­шков­ски по­стиг­на нај­ви­со­ки ус­пе­си во сво­е­то по­ле. Ка­ко пли­вач­ка На­та­ша Ме­шков­ска има осво­е­но мно­гу­број­ни ме­да­ли, а де­нес е про­фе­сор по пли­ва­ње и тре­нер.

СЕСТРИ

Ко­га ќе се ре­че Ма­ри­ја­на, не мо­же да не се по­мис­ли и на Ро­са­на. Убед­ли­во нај­поз­на­то­то се­стрин­ско му­зич­ко дуо во Ма­ке­до­ни­ја де­нес жи­вее разд­во­е­но. До­де­ка Ма­ри­ја­на е во Ав­стра­ли­ја, неј­зи­на­та се­стра, на за­до­волс­тво на се­кој му­ште­ри­ја, е во Тр­гов­ски­от цен­тар, во про­дав­ни­ца­та на „Стру­жан­ка“.

Од мал­ку пом­ла­да­та ге­не­ра­ци­ја, по­стои уште ед­но моќ­но се­стрин­ско дуо. Ли­ди­ја и Та­ња Ко­чов­ски, гла­си­шта ка­кви што де­нес ре­тко се на­о­ѓа­ат на ма­ке­дон­ска­та сце­на, одам­на не за­пе­а­ле за­ед­но. Та­ња, за­ед­но со неј­зи­ни­от со­пруг Пре­драг Пав­лов­ски, со го­ди­ни е дел од Те­а­та­рот за де­ца и за мла­дин­ци, а Ли­ди­ја оста­на вер­на на му­зи­ка­та и на­ста­пу­ва со Ма­ке­дон­ска­та опе­ра.
Тие се ќер­ки на по­ра­неш­ни­те чле­но­ви на гру­па­та „Ма­њи­фи­ко“ Пан­че и Не­ве­на Ко­чов­ски.

scena173-uspesni-semejstva-Tamara-Tijana

Не­ко­гаш­на­та опер­ска­та пе­јач­ка Бран­ка и про­фе­со­рот по кон­тра­бас Вел­ко, им го пре­не­соа и та­лен­тот и жел­ба­та за му­зи­ка на сво­и­те две ќер­ки Ти­ја­на и Та­ма­ра. По­ста­ра­та, де­нес Дап­че­виќ, 15 го­ди­ни жи­вее и соз­да­ва ка­ри­е­ра во Бел­град, а пом­ла­да­та го­ди­на­ва се ома­жи, об­ја­ви ал­бум, на­пра­ви го­лем кон­церт и го оче­ку­ва но­ви­от член на се­мејс­тво­то То­дев­ски.

Актер­ска­та и брач­на двој­ка Не­над и Сил­ви­ја Сто­ја­нов­ски, исто та­ка, ги пре­не­соа љу­бо­вта и та­лен­тот на сво­и­те две ќер­ки. Ана и Ја­на, кои ѝ се поз­на­ти на ма­ке­дон­ска­та јав­ност. Ја­на ка­ко мис на Ма­ке­до­ни­ја и му­зи­чар­ка, Ана ка­ко мла­да актер­ка и дел од ма­ке­дон­ски­те фил­мо­ви.

Ре­бе­ка бе­ше пи­о­нер на сце­на­та во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни со неј­зи­ни­от изг­лед и пес­ни. Де­нес е пов­ле­че­на од сце­на­та и мај­ка на три син­чи­ња. Хе­ле­на Ро­за, пак, неј­зи­на­та по­ста­ра се­стра, исто та­ка ја раз­бра­ну­ва јав­но­ста со сво­и­те ли­ба­рал­ни пог­ле­ди кон жи­во­тот. Поз­на­та­та во­ди­тел­ка не­о­дам­на се пре­се­ли во Нов Зе­ланд.

НОВАТА АКТЕРСКА ГЕНЕРАЦИЈА

toni mihajlovski

Kако што Ва­сил го нас­ле­ди Ри­сто, а пре­зи­ме­то Ши­шков за­се­ко­гаш оста­ну­ва си­но­ним за нај­до­бро­то од ма­ке­дон­ско­то глу­ми­ште, или Дра­ган Спа­сов -Дац го нас­ле­ди Сте­во Спа­сов­ски, та­ка и во но­ви­те ге­не­ра­ции акте­ри се бро­јат нас­лед­ни­ци­те.

На пр­сти се бро­јат ма­ке­дон­ски­те фил­мо­ви од кои То­ни Ми­хај­лов­ски не е дел, а ка­де се ту­ка и ми­ли­он на те­а­тар­ски прет­ста­ви? До­де­ка тој се по­све­ту­ва на но­ва­та уло­га, умет­нич­ки ди­ре­ктор на МНТ, на шти­ци­те ве­ќе го ме­ну­ва не­го­ви­от син Але­ксан­дар, кој од та­тка си го нас­ле­ди и та­лен­тот и ка­ра­кте­рот.

Мла­да, уба­ва и та­лен­ти­ра­на, Да­ри­ја Ри­зо­ва има­ше не­кол­ку глав­ни уло­ги во МНТ го­ди­на­ва, а „Еле­ктра“ ѝ до­не­се и на­гра­да за нај­до­бра жен­ска уло­га. Мал­ку­ми­на зна­ат де­ка та­лен­тот го нас­ле­ди од неј­зи­на­та те­тка, дел од нај­поз­на­ти­те ма­ке­дон­ски актер­ки Маг­да­ле­на Ри­зо­ва.

НАЈМУЗИКАЛНОТО СЕМЕЈСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

11035546_10153091471642221_1623947196231975624_n

На би­тол­ча­ни би­ла и ќе оста­ни ти­ту­ла­та нај­та­лен­ти­ра­ни. Од Ки­ре Ко­стов до Ка­ро­ли­на Го­че­ва, Би­то­ла е ро­ден град на мно­гу ус­пеш­ни му­зи­ча­ри и акте­ри. Ком­по­зи­то­рот Сла­ве Ди­ми­тров, кој не­о­дам­на до­би уште ед­но приз­на­ние за жи­вот­но де­ло, е ро­ден ток­му во Би­то­ла. Не­го­ви­от та­лент се пре­не­су­ва и кај си­нот Дар­ко, ком­по­зи­тор и про­ду­цент на по­ве­ќе од ил­ја­да пес­ни за ма­ке­дон­ски и стран­ски из­ве­ду­ва­чи.

Сла­ве е те­тин на Ма­ја Саз­да­нов­ска, еден од нај­до­бри­те ма­ке­дон­ски во­ка­ли, та­лент што го нас­ле­ди и од сво­ја­та те­тка Ви­о­ле­та То­мов­ска, ко­ја, исто та­ка, е те­тка и на Ол­ги­ца Хри­стов­ска. Тие се во род­нин­ска вр­ска и со пе­јач­ка­та и ди­џеј­ка Фа­ни Хри­сто­ва.

СПОРТОТ

manaskov i lazarov

Се­меј­ни­те вр­ски се нај­и­зра­зе­ни во ма­ке­дон­ски­от спорт, ка­де што ус­пе­си­те ги де­лат го­лем број бра­ќа, се­стри, та­тков­ци, ќер­ки и си­но­ви, кои не­ма до­вол­но про­стор за да се на­бро­јат.

Не­ко­гаш „бом­бар­ди­ра­ше“ Пе­пи, де­нес тоа се Де­јан и Мар­тин. Се­мејс­тво­то Ма­на­ско­ви се за­пи­ша ме­ѓу нај­до­бри­те во ра­ко­мет­на­та исто­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Фи­лип Ла­за­ров, пак, се тру­ди да му па­ри­ра на сво­јот по­стар брат Ки­рил, исто ка­ко што Са­шко Пан­дев се оби­ду­ва во фуд­ба­лот да го стиг­не по­ста­ри­от брат Го­ран.

Ра­ко­ме­тот го на­пра­ви­ја спорт број еден и бра­ќа­та Мој­со­ски, На­ум­че и Зла­тко, ка­ко и бра­ќа­та Вел­ко и Ни­ко­ла Мар­ко­ски.

Ко­шар­кар­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја е по­до­бра со близ­на­ци­те Вој­дан и Дам­јан Сто­ја­нов­ски, а во ко­шар­ка­та се оби­ду­ва и нив­ни­от брат Ог­нен.

Во од­бој­ка­та, пак, до­ми­ни­ра­ат се­стри­те Та­ња и Са­ња Але­ксов­ски.

Пишува: Марина Костовска
(Текст објавен во 173. број на неделникот „Република“, 25.12.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top