| четврток, 6 декември 2018 |

Снег во цела држава, најмногу во Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп и Стража

Сообраќајот на сите патишта во државата се одвива без забрани и застои, по претежно влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

sneg2-640x379

Снег со слаб интензитет паѓа во Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Македонски Брод, Ѓавато, Буково, Плетвар, Пресека, Маврово.

Врнежи со појак интензитет има во Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп и Стража.

На коловозот наместа има остатоци од снег по интервенцијата на екипите од ЈП Македонија пат.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15 ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничниот премин Деве Баир се чека околу 15 мин за излез од државата, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top