| четврток, 6 декември 2018 |

Заминаа во 2015 година – А се­га со­ну­вај­те…

 За­ми­наа и оста­ви­ја мно­гу по­зи­тив­ни ра­бо­ти за кои ќе ги спо­ме­ну­ва­ме. При­до­не­соа за ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра, за ма­ке­дон­ски­от спорт, за по­ли­ти­ка­та, за на­у­ка­та... Нѐ на­те­раа да ги зна­е­ме, нѐ оста­ви­ја да ги па­ме­ти­ме. А се­га, се­га со­ну­вај­те...

За ко­го би­јат кам­ба­ни­те…  Би­јат за те­бе при­ја­те­ле, кој за­ми­на во го­ди­на­та што за­ми­на. Би­јат за акте­ри­те, за му­зи­ча­ри­те, за но­ви­на­ри­те, за спор­ти­сти­те, за де­ца­та, за си­те оние што го на­пу­шти­ја овој свет во 2015 го­ди­на. Бијат за осуммината бранители кои загинаа во Диво Насеље во Куманово. Би­јат за ма­ла­та Та­ма­ра, бо­ре­цот кој за жал не ус­пеа до­крај, би­јат  за Пе­це Ро­гов­ски, Ни­ко­ла До­киќ, за Зо­ран Ѓор­ги­ев­ски во Вев­ча­ни… За си­те што се бо­реа, за кои се бо­рев­ме, но не ус­пе­ав­ме да им да­де­ме шан­са за по­долг жи­вот…

Не ус­пе­ав­ме да ѝ по­мог­не­ме ни­ту на мла­да­та пе­јач­ка Ор­не­ла Јор­да­нов­ска. Бо­ле­ста бе­ше по­ја­ка од си­те оние што пра­веа на­по­ри да ѝ да­дат шан­са за жи­вот. Неј­зи­ни­от оп­ти­ми­зам и жел­ба за жи­вот ја пот­тик­наа естра­да­та да се со­бе­ре и да пее за 24-го­диш­на­та де­вој­ка , да за­пее за шан­са, за жи­во­тен сон… Но, во пр­ви­от ден од го­ди­на­та што из­ми­на, за­ми­на и Ор­не­ла. Таа бо­ле­ду­ва­ше од мај 2013 го­ди­на, ко­га и ја за­поч­на бор­ба­та со ди­јаг­но­сти­ци­ран рак на лимф­ни­те жлез­ди.

Естра­да­та го­ди­на­ва из­гу­би не­кол­ку ими­ња. Се про­стив­ме од Дра­ган Ка­ран­фи­лов­ски-Бојс, автор, пе­јач, из­во­нре­ден му­зи­чар. Но, са­ка­ни­те лу­ѓе не уми­ра­ат, сти­хо­ви­те не згас­ну­ва­ат. Тие жи­ве­ат со нас. Пе­де­сет и де­ве­тго­диш­ни­от му­зи­чар за­ми­на на кра­јот на мај ми­на­та­та го­ди­на, но оста­на „Ва­ле­ри­ја“, оста­на „Опас­но сум вљу­бен во те­бе“… Оста­на Бојс!

Не пу­штај­те да умрам… Овие збо­ро­ви оста­наа вре­жа­ни. По­пу­лар­на­та пе­јач­ка  Ус­ни­ја Ре­џе­по­ва го са­ка­ше жи­во­тот. Ја са­ка­ше пес­на­та, ја са­ка­ше пуб­ли­ка­та… Но ра­кот на бе­ли­те дро­бо­ви не ѝ доз­во­ли да ужи­ва во она што за неа зна­че­ше жи­вот. На­ју­ба­ва­та пе­јач­ка во по­ра­неш­на ју­гос­ла­ви­ја го ис­пу­шти пос­лед­ни­от здив во октом­ври… Бал­ка­нот ѝ од­да­де по­чит. На со­ци­јал­ни­те мре­жи кру­жеа без­број неј­зи­ни сти­хо­ви…

 Спор­тот по­кус за не­кол­ку ими­ња

Спорт­ска­та јав­ност се збо­гу­ва со не­кол­ку ими­ња. На 80-го­диш­на во­зраст по­чи­на ед­на од нај­го­ле­ми­те ле­ген­ди на Вар­дар, То­де Ге­ор­ги­ев­ски. Ка­ра­ти­сти­те се збо­гу­ваа со поз­на­ти­от ка­ра­тист и тре­нер Дим­че Ки­чев­ски, а ко­шар­ка­ри­те со еден од ос­но­ва­чи­те на ма­ке­дон­ска­та ко­шар­ка и пр­ви­от ма­ке­дон­ски ко­шар­кар кој за­и­грал за ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Ју­гос­ла­ви­ја, ле­ген­дар­ни­от Цве­тан Пе­тров­ски – Ку­ко.

Ќе се сеќаваме и на Александар Пандовски, 23-годишниот фудбалер кој им подлегна на повредите неколку дена по сообраќајната несреќа. Тој и неговиот татко доживееа несреќа откако автомобилот во кој се наоѓале тие двајца со брзина од преку 100 километри на час удри во столб на бензинската пумпа во Скопје.

И зад име­то на поз­на­ти­от ком­по­зи­тор Ди­ми­тар Ма­сев­ски, 2015 го­ди­на ќе стои ка­ко го­ди­на ко­га тој го на­пу­шти све­тот ва­ков ка­ков што ние го зна­е­ме. До­а­је­нот на ма­ке­дон­ска­та за­бав­на му­зи­ка и авто­рот на пр­ва­та дет­ска пес­на „Рин­гиш­пил“ за­ми­на на 79-го­диш­на во­зраст.

Се про­стив­ме и од пр­ве­не­цот на ма­ке­дон­ски­от ба­лет Ма­рин Цр­ве­нов, од не­ко­гаш­на­та пр­вен­ка во ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, Ана­ста­си­ја Ди­ми­тро­ва Бо­жи­ко­ва.

Се про­стив­ме и од  Цве­тан Маз­ни­ку, го­ле­ми­от ма­ке­дон­ски акти­вист и со­би­рач на фолк­ло­рот на Ма­ке­дон­ци­те во Ал­ба­ни­ја.

По­чи­на и пр­ви­от ма­ке­дон­ски ули­чен ар­тист, ал­тер­на­ти­вен пи­о­нер, по­бор­ник за ква­ли­тет­на му­зи­ка, ан­дер­гра­унд бо­рец, му­зи­чар, дру­гар и учи­тел на мла­ди­те, Зо­ран Ан­ге­лов­ски–Шпиц.

За­ми­на Итар Пе­јо

И актер­ска­та сце­на оста­на без еми­нент­ни ли­ко­ви. Ќе го па­ме­ти­ме Итар Пе­јо и дол­го ќе збо­ру­ва­ме за не­го. Ле­ген­дар­ни­от Бла­го­ја Спир­ко­ски – Џу­мер­ко за­ми­на на 69-го­диш­на во­зраст. Се про­стив­ме од уште еден актер од при­леп­ски­от  те­а­тар, Бла­же Але­ксов­ски. Те­тар­ска­та сце­на за­се­ко­гаш ја на­пу­шти и Су­зан Ма­ксут.

Во сеп­тем­ври се про­стив­ме од „ви­нов­ни­кот“ за ле­ген­дар­ни­от ма­ке­дон­ски филм „Ис­пра­ви се Дел­фи­на“, Але­ксан­дар Ѓур­чи­нов.  Поз­на­ти­от ре­жи­сер и сце­на­рист за­ми­на на 81-го­диш­на во­зраст. На 91-го­диш­на во­зраст за­ми­на и поз­на­ти­от ма­ке­дон­ски филм­ски ра­бот­ник, до­а­је­нот на ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја и ди­ре­ктор на фо­то­гра­фи­ја, Љу­бе Пе­тков­ски, еден од пи­о­не­ри­те на до­маш­на­та филм­ска умет­ност.

Но­ви­на­ри­те се про­сти­ја од сво­и­те ко­ле­ги

Ма­ке­дон­ски­те но­ви­на­ри се збо­гу­ваа со не­кол­ку свои ко­ле­ги. На кра­јот на го­ди­на­та при­стиг­на ло­ша вест – нѐ на­пу­шти мла­да­та ко­ле­шка Не­да Ба­кев­ска. Неј­зи­но­то ср­це пре­ста­на да чу­ка пре­ра­но, на 41-го­диш­на во­зраст. Ра­кот зе­де не­кол­ку прет­став­ни­ци на сед­ма­та си­ла. Пре­ра­но за­ми­на и но­ви­нар­ка­та Ма­ри­ја Ку­ка.

Бо­ле­ста бе­ше по­сил­на и од уред­ни­кот Ва­сил Миц­ков­ски, до­а­јен на ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво.

За­ми­на и чо­ве­кот кој це­ли­от свој ра­бо­тен век го по­све­тил на сле­де­ње на исто­ри­ски­те на­ста­ни и лич­но­сти од де­неш­ни­ца­та. Поз­на­ти­от но­ви­нар и ра­ди­о­во­ди­тел, Сто­јан Трен­чев­ски, бе­ше по­све­тен на ху­ма­ни­те де­ла на Мај­ка Те­ре­за.

Нѐ на­пу­шти и Та­кец, ле­ген­дар­ни­от но­ви­нар од Би­то­ла, Ди­ми­тар Ди­ми­тров­ски, кој за­ми­на на 93-го­диш­на во­зраст.

По­чи­на до­а­је­нот на те­ле­ви­зи­ска­та до­ку­мен­тар­на про­гра­ма, Иван Ми­те­ски-Ко­по­ла. За­ми­на ти­вко без ни­кој да го чуе, што не е својс­тве­но за не­го­ви­от жи­вот ис­пол­нет со свет­ли­ни­те на ме­ди­у­мот. Не­го­ви­те фил­мо­ви ја ске­ни­раа чо­ве­ко­ва­та ду­ша.

По те­шко бо­ле­ду­ва­ње по­чи­на и  про­фе­сор до­ктор Јо­ван То­фо­ски, пре­тсе­да­тел на Ма­ке­дон­ско­то ле­кар­ско друш­тво.

Ќе се се­ќа­ва­ме на Ча­шу­ле

Ам­ба­са­до­ри, по­ра­неш­ни ми­ни­стри, ака­де­ми­ци, пи­са­те­ли. Во 2015 го­ди­на за­ми­на и Сло­бо­дан Ча­шу­ле, ма­ке­дон­ски но­ви­нар, по­ли­ти­чар, ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Ма­ке­до­ни­ја во пер­и­о­дот 2001 – 2002 го­ди­на, ам­ба­са­дор на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во Шпа­ни­ја. Тој нѐ на­пу­шти на кра­јот од го­ди­на­та, на 70-го­диш­на во­зраст.

За­ми­на и не­ко­гаш­ни­от ми­ни­стер за здрав­ство, Пе­тар Ми­ло­шев­ски, ка­ко и ам­ба­са­до­рот Ѓор­ги Аврам­чев. На 65-го­диш­на во­зраст по­чи­на ди­ре­кто­рот на Др­жав­ни­от ар­хив на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, Зо­ран То­до­ров­ски.

За­ми­наа ака­де­ми­ци­те То­ме Ба­шев­ски, Пе­тар Ха­џи Бо­шков, пи­са­те­ли­те Иван Ва­си­лев­ски и То­дор Ча­лов­ски.

За­ми­наа и оста­ви­ја мно­гу по­зи­тив­ни ра­бо­ти за кои ќе ги спо­ме­ну­ва­ме. При­до­не­соа за ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра, за ма­ке­дон­ски­от спорт, за по­ли­ти­ка­та, за на­у­ка­та… Нѐ на­те­раа да ги зна­е­ме, нѐ оста­ви­ја да ги па­ме­ти­ме. А се­га, се­га со­ну­вај­те….

Сла­ва им!

Ќе се се­ќа­ва­ме на поз­на­ти­от скоп­ски кро­јач Бла­го­ја Ан­гел­ков­ски. Но, ќе се се­ќа­ва­ме и на оние пе­ша­ци што на­стра­даа во не­сре­ќи. Ќе ја па­ме­ти­ме де­вој­ка­та чиј жи­вот згас­на на пе­шач­ки пре­мин кај Уни­вер­зал­на са­ла, на де­вој­че­то пре­га­зе­но во Влае, на момчето кое загина на „Илинденска“.

По­ста­ри­те ќе си спо­ме­ну­ва­ат за Вла­да Див­љан, за Ар­сен Де­диќ, за Ке­мал Мон­те­но, за Ран­ко Же­ра­ви­ца… ќе го спо­ме­ну­ва­ме Омар Ша­риф…

Пишува: Билјана Зафирова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top