| четврток, 6 декември 2018 |

„Триглав“ се соочува со казна – објавиле чувствителни информации

Извршниот директор на „Заваровалница Триглав“, Матијаш Раковец може да се соочи со казна од Агенцијата за хартии од вредност за откривање на чувствителни информации, пренесува „Јутарњи лист“.

Раковец е во интервјуто објавено во вторникот во „Јутарњи лист“ објави дека има намера да предложи исплата на дивиденда од рекордни 22,7 милиони евра или 1 евро по акција.

Во интервјуто тој откри чувствителни информации кои би можеле да влијаат на цената на акциите, кои претходно не беа јавно обелоденети. Со тоа „Триглав“ го прекршил законот за финансиски инструменти на пазарот.

Во случај на откривање на такви информации , казната за одговорното лице е помеѓу800 и 10 000 евра, а за издавачот на хартии од вредност помеѓу 25 и 500 илјади евра. Во случај на сериозни прекршоци Агенцијата може да му наметне поголема казна до 30 000 евра за одговорното лице и до 1,5 милиони евра за компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top