Играчот од одбраната на Арсенал Метју Дебуши најверојатно во јануарскиот преоден рок ќе ги напушти редовите на лидерот на Премиер лигата.
Французинот Дебуши го загуби статусот првотимец (десен бек) откако почесто во одбраната игра Хектор Белерин, кој е прв избор на менаџерот Арсен Венгер.
Дебуши досега сезонава одигра само шест натпревари (два во Премиер лигата).
Желбата за промена на средината доаѓа од причина што тој сака да обезбеди место во француската репрезентација за Европското првенство во Франција што ќе се одржи годинава.
За услугите на Дебуши заинтересирани се Рома и Олимпик Лион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германецот Лено замена за Чех на голот на Арсенал
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Нотингем Форест ја наполни мрежата на „топџиите“: Арсенал елиминиран од ФА Купот
-
Хит понуда пред утрешниот дуел: „Форд Ескорт“ за оној што ќе му даде гол на Арсенал, има и плин