Време е да почнете да размислувате за фустанот со кој ќе ја дочекате новата 2016 година. Кројот мора да прилега на вашата фигура. Ако сте крупни во долниот дел, најдобар избор се фустаните во „А“ линија. Жените со низок раст треба да се решат за фустани над колена, а на жените на кои им одговара величина ХХЛ треба да носат фустани со едноставни линии и дезени.
Дочекот на Нова година бара малку повеќе елеганција, по некоја светка или сјаен детаљ, тантела. Гламур може да постигнете со мали детали како украси за коси, сенка со светки, чевли, чанта. Во недостиг на елегантен фустан постигнете ефект со помош на атрактивен накит, фризура и впечатлива шминка.
Црвните фустани се секогаш модерни и со нив е тешко да се згреши.
Последните години се актуелни и црвените фустани, кои, исто така, се еден вид класика. Не се вели залудно дека ако сте збунети и не знаете што да облечете, одберете црвено. Сигурно ќе бидете забележани. Фустан и кармин во црвена боја одлично ќе прилегаат со златни чевли со високи потпетици, бели чизми, па на крај и со црни обувки.
Ако не планирате да купувате нов фустан, и стариот ќе заврши работа само ако го комбинирате на нескојдневен начин.
За забава со пријателите, вистински избор се трендовски куси фустани од сјајни и светкави материјали. Овде не треба дополнителен труд со деталите бидејќи овие фустани се доволно свечени.
За класична новогодишна ноќ во хотел, одличен избор е долг вечерен фустан со гол грб, направен од свила или во комбинација со тантела. Задолжителни се чевли со високи потпетици.
За дочек на Нова година на плоштад може да се решите за лежерна варијанта – кус, но дебел плетен фустан во комбинација со шик чизми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.