| четврток, 6 декември 2018 |

Во Токио се чекаше цела ноќ за новата книга на Харуки Мураками

Новинари и читатели цела ноќ стојаеле во редици пред книжарниците во Токио, за да дојдат до новиот роман на Харуки Мураками под наслов „“The colorless Tsukuru Tazaki and his years of pilgrimage“ кој завчера беше промовиран во Јапонија и кај медиумите и публиката предизвика досега невиден интерес.

„The colorless Tsukuru Tazaki and his years of pilgrimage“ претставува нова насока во прозата на Мураками, а тоа е враќањето на поетскиот реализам кој го напушти по „Норвешка шума” во 1987 година, овој пат во контекст на социјалната реалност на современа Јапонија.
Напишан во трето лице, романот се занимава со емоционална предавство и неговите последици. Цукуру Тазаки му припаѓа на кругот од петмина пријатели во средно училиште – три момчиња и две девојчиња. Тие се убедени дека засекогаш ќе останат заедно, но кога Цукуру се враќа од колеџот, групата го отфрла без никакво објаснување.

Неколку години подоцна, тој сфаќа дека тоа предавство фрла сенка врз сиот него живот и се обидува да ја реши мистеријата што го прогонува години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top