По долги денови во кои семејството Кардашијан беше до постелата на Ламар Одом ги очекува нова драма. Роб (28) братот на Ким Кардашијан е во болница.
Семејството забележало дека на Роб не му е добро, но на крај морале да го однесат во болница каде му бил дијагностициран дијабетес. Роб немал претстава дека е толку сериозно болен, но како што изјавил во 2016 ќе даде се од себе да биде поздрав.
Братот на сестрите Кардашијан изминативе години имаше проблеми со тежината и затоа буквално се тргна од реалното шоу.
Освен тоа што мака мачи со шеќерната болест, Роб се бори и со депресија поради што се почесто не е присутен на семејните настани. Така ја пропушти и венчавката на неговата сестра Ким и Кање.
Семејството го молело Роб да не го напушта реалното шоу, но тој како што јавува „ТМЗ“ е толку многу разочаран од својот изглед што не сака да се појавува во јавноста.
Роб единственото сигурно место го наоѓа кај сестрата Клои со која и живее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.