Карлос Бака игра одлично во Милан, по неговото доаѓање од Севилја во текот на летото, а како што изјави неговиот агент, тој е среќен на „Сан Сиро“, не исклучувајќи ја можноста Бака својата кариера да ја заврши во овој клуб.
– Бака е многу среќен во Милано, и неговото семејство добро се адаптира на животот во Италија. Тој постигнува погодоци, и ќе продолжи со истото темпо. Напушти голем клуб како Севилја, затоа што имаше план да прави уште поголему успеси со Милан. Можно е овој клуб да биде негов последен во фудбалската кариера – изјави неговиот агент, Серхио Барила.
Бака дојде во „црвено-црниот“ тим за сума од 30 милиони евра, и досега настапи на вкупно 19 натпревари, и деветпати ги тресеше противничките мрежи. Дресот на Севилја го носеше две сезони, и за тоа време одигра вкупно 108 натпревари, постигнувајќи 49 погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.