Во двобројот 5-6 на загрепското списание за книга „Тема“, објавен е расказот „Сонот на Ангеле Богев“ на Томислав Османли.
Се работи за сатирична фантазија која и припаѓа на неговата серија прозни текстови жанровски одредени како „каприча“. Како и другите прози од оваа серија, текстот е проследен со композиција од илустрации по избор на авторот.
Расказот е меѓу поновите прози на Османли кој беше откупен по конкурсот и објавен во „Нова Македонија“.
Томислав Османли веќе и е познат на хрватската книжевна јавност, најнапред со објавата на неговата театарска пиеса „Апокалиптична комедија“ во списанието „Књижевна ревија“.
Во Хрватска е објавен и неговиот роман „Дваесет и првиот“ и расказот „Небото на Сукот“ – во еврејското списание „Руах хадаша“ кое се појавува во Загреб
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.