Во Виена можеби нема да има организиран новогодишен дочек познат уште како „Новогодишна патека“ поради опасност од тероризам. На славењето под отворено небо секоја година има стотици илјади туристи и жители на Виена.
Разузнавачките служби предупредуваат на опасност од терористички напади на масовните манифестации, па и на прославата на Нова година што претстои.
На „Новогодишната патека“ во Виена, секоја година се собираат околу 700.000 луѓе.
– Сѐ уште нема конкретна закана, но не е исклучено целосно откажување на манифестацијата – изјави Патрик Мајерхофер, портпарол на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
“Чоколадни капки “ – самостојна изложба на Ѓорѓе Јовановиќ во галеријата Hoast во Виена
-
„Исцелител“ во Виена прогласен за најдобар дебитантски филм во Југоисточна Европа
-
„Исцелител“ на Меѓународниот филмски фестивал во Виена
-
Над 2 000 Македонци во Лерин славеа Нова година со македонски песни и ора (видео)