| четврток, 6 декември 2018 |

„Исцелител“ на Меѓународниот филмски фестивал во Виена

Фестивалската промоција на филмот „Исцелител“ продолжува на 6. Меѓународен филмски фестивал „Let’s CEE“ во Виена кој почнува денеска. Во официјалната програма „Ветувачки дебитантски филмови“, во која ќе се натпреварува заедно со 13 други филмови, „Исцелител“ ќе има три прикажувања, на 16-ти, 17-ти и 21 април.

Во фокусот на фестивалот се филмови од Централна и Источна Европа. Во наредните десет дена ќе бидат прикажани околу 150 долгометражни, документарни и кратки филмови. Најголем број од филмовите премиерно се прикажуваат во Австрија.

Оваа година на „Let’s CEE“ во Виена ќе бидат прикажани шест македонски филма и два филма во кои Македонија учествува како копродукција. Во програмата на документарни филмови ќе се прикаже „Avec L’Amour“ на Илија Цветковски. Во програмите на кратки филмови се „Еклер“ на Марко Ѓоковиќ, „Доаѓаат од центарот на светот“ на Дина Дума, „Види ја ти неа“ на Горан Столевски и „Ќе дојдат децата“ на Ана Јакимска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top