| четврток, 6 декември 2018 |

Поради закана од терористи: Нема новогодишно славење на плоштадот во Виена?

Во Виена можеби нема да има организиран новогодишен дочек познат уште како „Новогодишна патека“ поради опасност од тероризам. На славењето под отворено небо секоја година има стотици илјади туристи и жители на Виена.

Разузнавачките служби предупредуваат на опасност од терористички напади на масовните манифестации, па и на прославата на Нова година што претстои.

На „Новогодишната патека“ во Виена, секоја година се собираат околу 700.000 луѓе.

– Сѐ уште нема конкретна закана, но не е исклучено целосно откажување на манифестацијата – изјави Патрик Мајерхофер, портпарол на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top