| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Метаморфози“ во изведба на Народниот театар Битола

Ансамблот на Народниот театар Битола, вечерва премиерно ќе ја изведе претставата „Метаморфози“ е чиј автор и режисер е гостинката од Бугарија Лилија Абаџиева.

Со деветтата премиерна претстава Битолскиот народен театар ја завршува театарската сезона во која според произведените и одиграните претстави е неофицијален рекордер во Македонија, истакна Валентин Светозарев, директор на таа национална установа.

– Во 2015 година нашиот театар на своите сцени одигра 193 театарски претстави со што претставува неофицијален лидер во државата според бројот на одиграни претстави и исто така направивме девет премиерни претстави, исклучиво продукција на нашиот театар, со што што ја исполнивме задачата од националната програма, но и 100 процентно го зголемивме нашето театарско производство, посочи Светозарев.

Во последната театарска претстава за оваа година „Метаморфози“,  ќе настапат актерите Марјан Ѓорѓиевски, Катерина Аневска, Васко Мавровски, Мартин Мирчевски, Сандра Грибовска, Никола Пројчевски, Кристина Христова Николова, Иван Јерчиќ, Филип Мирчевски и Викторија Степановска-Јанкуловска.

– Втор пат добивам голема улога од режисерката Абаџиева. Во претставата влеговме со неверојатна верба и љубов што беше пресудно во нашата работа. Станува збор за процес во кој даваше се од себе, кога срцето се остава на штиците и затоа верувам дека оваа претстава долго ќе се игра на нашата и други театарски сцени, истакна актерката Викторија Степановска-Јанкуловска во пресрет на вечерашната премиера на НУ Народен театар-Битола.

Во авторската претстава на Лилија Абаџиева „Метаморфози“, сценографијата и костимите ги подготви Васил Абаџиев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top