Ансамблот на Битолскиот народен театар ги заврши подготовките на петтата премиерна претстава во оваа година.
Станува збор за делото на Молиер, „Дон Жуан“ во режија на Андреј Цветановски кој по втор пат работи со актерите од Битолскиот театар.
– Во Битола научив што е театар и затоа многу ми е драго што повторно режирам во тука, овој пат со млада актерска екипа. Новина во овој проект е тоа дека работиме класика која е многу битна за секој репертоар, а битолскиот театар секогаш го актуелизира прашањето за еден „железен репертоар“ кој е многу битен за квалитетна публика, истакна режисерот Цветановски.
Додаде дека на сите ни е потребен Дон Жуан како дух затоа што, како што рече, се повеќе животот го живееме за другите, а се помалку за себе. Најголемата одлика на Дон Жуан, рече, е тоа што животот го живее за себе.
Премиерата на „Дон Жуан“ ќе биде изведена во понеделник на 15 мај, а ќе настапат актерите Дамјан Цветановски кој ја игра улогата на Дон Жуан, Сергеј Димовски, Борис Чоревски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Борче Ѓаковски, Сандра Грибовска, Петар Спировски и Ангела Димитрова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.