| четврток, 6 декември 2018 |

Народни верувања поврзани со новогодишната ноќ

доцек

За овие стари  верувања, кога станува збор за правилата на однесување, на самиот и првиот ден од новата година се тврди дека ќе донесат среќа во наредната година:
Кога станува збор за празничната трпеза, според верувањето на некои култури, доколку подготвувате јадење со месо, пожелно е да не биде пилешко или мисиркино. Според одредени народни верувања, со тоа обезбедувате благосостојбата да остане во вашата куќа, односно да не “одлета“ од вашата трпеза.
Извршете некоја симболична работа првиот ден од Новата година, иако е празник. Според верувањата, овој чин симболизира дека во текот на наредната година ќе имате доволно работа и дека ќе ја работите од сè срце.
На полноќ, не заборавајте да ги споделите вашите желби со вашите најблиски. Тоа се смета за потврда дека во претстојната година вашата љубов и блискост ќе трае.
Општопознато правило е дека за Нова година треба да се облече нешто ново. За среќа во љубовта, се верува дека е добро да се носи долна облека во црвена боја.
Мал ритуал – во секој паричник што го имате ставете по некоја банкнота. Тоа е знак дека следната година ќе биде побогата. Добар знак е исто така да влезете во Новата година без долг и неплатени сметки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top