| четврток, 6 декември 2018 |

Учениците во Лозово ќе се грејат на парно

parnoУчилиштето во Лозово доби систем за парно греење. Раководството на училиштето вели дека топловодниот систем ќе ги намали трошоците за загревање на школската зграда. Инсталацијата е комбинирана – работи на пелети и дрва.

– Порано учениците се грееја на дрва, со ќумбиња. Сега со парното има едно централно греење кое е поефикасно а потопли се и училниците- вели Стојан Китановски, Дир на ООУ Методија Митевски – Брицо.

Поставувањето на системот за парно греење го финансираше министерството за локална самоуправа. Инвестирани се над 20 илјади евра. Проектот е реализиран преку центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

– Со овој проект поставивме котел со систем, радијатори и грејни тела низ ходниците и сите училници- вели Марко Колев, Раководител на Центар за развој на ВПР.

Со пари обезбедени од вардарскиот плански регион, градинката и домот за култура во Лозово, добија сончев колектор и пвц врати и прозорци..

– Овие проекти се од големо значење за населението во Лозово, еве за учениците, за градинката односно најмладите жители на општинат- изјави Орце Цветковски, Градоначалник на општина Лозово.

Од центарот за развој на Вардарскиот регион, велат дека и во иднина ќе продолжи реализацијата на проекти за подобрување на енергетската ефикасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top