Во рамки на проектот за отворање аптеки во руралните средини, министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски, денеска ја посетија аптекарската станица која веќе една година работи во просториите на здравствениот дом во село Лозово, а која од неодамна склучи и догоров со ФЗОМ за лекови на рецепт, пренесува МИА.
Како што појасни министерт Никола Тодоров, со ова им е овозможено на жителите од Лозово освен здраствена заштита од матичните лекари на едно место да ги набават потребните лекови за пропишаната терапија.
– На овој начин многу им е олеснето на жителите од Лозово и блиските населени места во Општина Лозово. Отсега пропишаните лекови можат да ги набават тука во аптекарската станица во Лозово и така да заштедат време и пари,кои порано гу губаа за оваа намена да патуваат до Велес,потенцира министерот Тодоров.
Тој појасни дека со овој проект за отворање аптекарски станици во населени места до 3,5 илјади жители на објавениот конкурс за 66 аптекарски станици во Македонија, е за оние аптекарски фирми што имаа повеќе од две аптеки во една општина или пет на ниво на државата, со овој проект се обврзани да отворат минимум уште една аптека во руралната средина.
– Со овие аптекарски станица опфаќаме околу 130 илјади граѓани во Р.Македонија коишто живеат во рурални области и коишто децении наназад, а некои никогаш немале аптеки во близина на местото на живеење.На тој начин сакаме да го решиме повеќедеценискиот проблем на граѓаните и да им ги доближиме здравствените услуги и потреби,потенцира министерот Тодоров.
Директорот на ФЗОМ Сашо Стафаноски потенцира дека придобивките од овој проект ќе бидат значајни за граѓаните кои живеат во руралните средини.Со овој проект, подвлече, се предвидени 66 аптеки,од кои досега во процедура се влезени 46, од кои 29 се комплетно завршени,потпишани се договорите од ФЗОМ и аптеките. Преостанатите 17 аптеки се во процедура и очекуваат во најбрз можен рок да заврши таа постапка.
– Со тоа ќе им се овозможи на најголем дел од граѓаните од руралните средини да имаат можност за лесна достапност на лековите кои се на товар на ФЗОМ. Инаку, сакам да потенцирам дека ФЗОМ годишно издвојува значителна сума од скоро 2 ипол милијарди денари за лекови за граѓаните во земјава. Тие се соодветно распределени на околу 750 аптеки и уште 46 аптекарски станици во земјава,а со што сакаме да влијаеме, граѓаните да заштедат и пари и време за набавка на неопходните лекови.Воедно со тоа овозможуваме и отварање на нови работни места, потенцира директорот Стафаноски.
Министерот Тодоров и директорот на ФЗОМ Стефаноски ги посетија и вработените и пациентите во Здраствениот дом во Лозов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тодоров: Со паралелниот увоз на лекови беше разбиен монополот, не е точно дека лековите не се квалитетни (видео)
-
Тодоров отвори адвокатската канцеларија, ќе се посвети на адвокатурата
-
Пиштолот со кој Љупчо Стојановски пукаше во Тодоров даден на вештачење, не се знае како го набавил
-
Груевски и Тодоров разговaрaa по обидот за атентат