Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски денеска оствари средби со граѓаните на Лозово и Свети Николе.
Во Свети Николе, претседателскиот кандидат на СДСМ најави отворање на нови работни места кои ќе им овозможат на младите да останат во државата, а не да се иселуваат.
– Во држава каде што нема напредок, нема ниту иднина, ниту перспектива. Ни за младите, ни за возрасните. Ние, возрасните треба да создаваме шанса за вас. Новите работни места за вас ќе придонесат кон тоа да останете овде со вашите семејства независни, како што ви доликува, им порача Пендаровски на младите од Свети Николе.
На средбата со граѓаните на Лозово, Пендаровски меѓу другото рече дека на Македонија и се потребни нови луѓе и нови политики.
– Нам ни се потребни нови луѓе со нови политики за еден нов почеток за нас и нашата земја, истакна претседателскиот кандидат на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.