Училиштето во Лозово доби систем за парно греење. Раководството на училиштето вели дека топловодниот систем ќе ги намали трошоците за загревање на школската зграда. Инсталацијата е комбинирана – работи на пелети и дрва.
– Порано учениците се грееја на дрва, со ќумбиња. Сега со парното има едно централно греење кое е поефикасно а потопли се и училниците- вели Стојан Китановски, Дир на ООУ Методија Митевски – Брицо.
Поставувањето на системот за парно греење го финансираше министерството за локална самоуправа. Инвестирани се над 20 илјади евра. Проектот е реализиран преку центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
– Со овој проект поставивме котел со систем, радијатори и грејни тела низ ходниците и сите училници- вели Марко Колев, Раководител на Центар за развој на ВПР.
Со пари обезбедени од вардарскиот плански регион, градинката и домот за култура во Лозово, добија сончев колектор и пвц врати и прозорци..
– Овие проекти се од големо значење за населението во Лозово, еве за учениците, за градинката односно најмладите жители на општинат- изјави Орце Цветковски, Градоначалник на општина Лозово.
Од центарот за развој на Вардарскиот регион, велат дека и во иднина ќе продолжи реализацијата на проекти за подобрување на енергетската ефикасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.