| четврток, 6 декември 2018 |

Србите попуштиле под притисок на Грците, па го избришале името Македонија

На регионалната конфренција на министрите за правда и за внатрешни работи од земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) посветена на борбата против организираниот криминал и корупција во регионот под притисок на Грција, Србија, која е домаќин на настанот го избришала името Македонија.

vesnici

Грчкиот заменик-министер за правда Костас Карагунис побарал од организаторите на конференцијата да го избришат уставното име на Република Македонија од материјалите и натписите на конференцијата и да напишат „ФИРОМ“.

Организаторите на конференцијата, српските министерства за внатрешни работи и за правда го исполниле барањето на грчкиот функционер и секаде каде што Македонија била заведена под уставно име, ја напишале референцата ФИРОМ.

Грчките медиуми коментираат дека вакви информации треба да се објавуваат токму со цел „такви грешки да не се повторат во Србија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top