| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на современата чешка уметност во Чифте амам

Во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија, на 23 декември (среда) во 19,30 часот во во објектот Чифте амам ќе се отвори изложба на современата чешка уметност со наслов „Правило и исклучок“…

Додека на 24 декември, во 12.00 часот ќе се одржи предавање апропо изложбата од страна на кураторката Мариана Серанова.

Уметници вклучени во изложбата се: Алеш Чермак (Aleš Čermák), Ева Јиржичка (Eva Jiřička), Ева Котјаткова (Eva Koťátková), Барбора Клеинхамплова (Barbora Kleinhamplová) и Тереза Стејскалова (Tereza Stejskalová), Вацлав Магид (Václav Magid), Маркета Магидова (Markéta Magidová) и Јан Феифер (Jan Pfeiffer), Јан Манчушка (Ján Mančuška), Слава Соботовичова (Sláva Sobotovičová), Роман Штетина (Roman Štětina), Адам Вачкар (Adam Vačkář) сите одлични претставници на чешката современа визуелна сцена.

Делата претставени на оваа изложба претставуваат само мала илустрација за перформативните пристапи кои често се применуваат во последниве неколку години, особено од страна на помладата генерација на чешки уметници.

На изложбата има дела кои се создадени и документирани во разни автентични средини со помош на претставници на различни социјални групи и проекти во кои учествуваат професионални актери или изведувачи.

Куратор на изложбата е Маријана Серанова, која овој проект го организира во соработка со Ана Франговска и истата ќе биде поставена до 3 јануари 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top