| четврток, 6 декември 2018 |

Дурант ги реши Клиперс, ѕвездата на Оклахома имаше свое шоу во Лос Анџелес (видео)

kevin durant

Екипата на Оклахома стигна до голема победа на гостувањето во Лос Анџелес против Клиперс од 100-99, а свое шоу имаше ѕвездата на „Тандерс“, Кевин Дурант кој иако имаше лош процент на шут од поле (10-24) сепак го реши натпреварот во самиот финиш. Тој при резултат 99-98 за Клиперс постигна кош со една рака преку човек, а во последниот напад за домаќините го блокираше шутот на Крис Пол во следниот напад.

– Како дете, сонував да погодувам шутеви за победа. Блокадата исто така беше добра за тимот, но шутевите за победа се она што ме тера напред и ќе продолжувам да ја превземам одговорност и во иднина – изјави Дурант по мечот.

Тој го заврши натпреварот со 24 поени, 9 скокови и 7 асистенции, а најефикасен кај Оклахома повторно беше Расел Вестбрук, реализирајќи 33 поени и 7 асистенции.

Сан Антонио ја продолжи перфектната серија на домашен терен, совладувајќи ја Индијана со 106-92. По израмнетото прво полувреме, спарси блеснаа во вторите 24 минути, кога ја создадоа убедливата предност. Леонард беше главна фигура со 24 поени, но и со одлична одбрана со која го задржа Пол Џорџ на само седум поени.

НБА резултати:

Њујорк – Орландо 99-109, Вашингтон – Сакраменто 113-99, Бостон – Минесота 113-99, Атланта – Портланд 106-97, Чикаго – Бруклин 102-105, Хјустон – Шарлот 102-95, Сан Антонио – Индијана 106-92, Јута – Феникс 110-89, ЛА клиперс – Оклахома 99-100.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top