Поради магла намалена видливост има кај Гостивар и Струмица 50 метри и Крива Паланка и Павлешенци 30 метри.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.
Од АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Утринава во поголемиот дел од земјата времето е ведро и претежно тивко. Долж Повардарието и во дел од котлините има магла. Во Гевгелиско и во Крива Паланка дува слаб до повремено умерен северозападен ветер. Утрово поинтензивна магла е забележана во Скопје, Тетово, Штип, Демир Капија, а намалена видливост има во Струмица и во делови од Пелагонија.
Најниска температура е измерена -7 Берово, -6 во Битола, -4 во Маврово, Струмица и Виница, -3 во Дебар и Тетово, -2 во Прилеп, Крива Паланка и Лазарополе, -1 во Кавадарци, Гевгелија, Скопје и Претор, 0 Куманово, Демир Капија, Штип, Дојран, Охрид, 1 во Пожар, 2 во Крушево, Пожаране и Ѓуриште и 4 во Тополчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.