| четврток, 6 декември 2018 |

Словенците на референдум го отфрлија законот за истополови бракови

slovenija glasanje

Словенците на вчерашниот референдум го отфрлија законот кој требаше да овозможат истополови браковии усвојување деца.

Против законот гласале 359.528 Словенци, односно 63 проценти од гласачите, додека 37 отсто, односно 210.967 жители на Словенија гласале „за“.

Тоа значи дека законот што парламентот го усвои пролетоска нема да стапи на сила, затоа што против него се изјаснило мнозинството и повеќе од петина од сите впишани гласачи.

Освен тоа, парламентот и владата со слично законско решение не може да се изјаснуваат во рок од една година. Словенците на референдум пред три години одбија сличен законски предлог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top