Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Катланово – Велес, Велес – Катланово и Велес – Неготино, до 100 метри на патните правци Куманово – Скопје, Тетово – Скопје, Делчево – М.Каменица и Куманово – Св.Николе и до 150 метри на патниот правец Гевгелија – Удово.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.
Денеска на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно кај Пресека – с.Врбјани, поради изведување работи на пат (минирање) во периодот од 12:30 – 14:30 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.