Светското првенство во ракомет во женска конкуренција доби нов владетел. Тоа е репрезентацијата на Норвешка која се заќити со третата титула во својата историја од мундијалите и покажа дека неприкосновена бидејќи ги обедини трите титули, олимписката, светската и европската.
Во „дримтимот” на првенството имаше и место за ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ, која со Црна Гора стигна до четвртфиналната фаза од турнирот. Норвешка има дури три претставнички во најдобриот состав, Романија две и Холандија една. За најдобра ракометарка на турнирот беше избрана Кристина Неагу од Романија.
Најдобар состав на СП:
Голман: Тес Вестер, Холандија
Десно крило: Јованка Радичевиќ, Црна Гора
Десен бек: Нора Морк, Норвешка
Централен бек: Стине Офтедал, Норвешка
Пикер: Хелди Локе, Норвешка
Лев бек: Кристина Неагу, Романија
Лево крило: Валентина Ардеан Елисеи, Романија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



