Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Бруин, е избран за најдобар спортист на Белгија за 2015 година. Тој имаше фантастични мигови во изминатава година, беше прогласен за најдобар фудбалер во Бундес-лигата за минатата сезона, со Волфсбург го освои Купот на Германија, а потоа направи спектакуларен трансфер во Англија, во редовите на Манчестер сити. Беше одличен и во репрезентацијата на Белгија, која се пласира на ЕП 2016 година, а се искачи и на првото место на ФИФА – листата.
Во женска конкуренција, за најдобра спортистка на Белгоја е прогласена боксерката Делфин Персун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.