Во новиот едукативен центар на Зоолошката градина во Скопје денеска од 13:30 до 15:30 часот ќе се одржи детска приредба „Нашата божиќна приказна“. Околу 70 учесници ќе пеат, рецитираат и ќе се забавуваат.
Организатор е Германскиот јазичен центар со поддршка на Австриската амбасада и останатите партнери. Германскиот јазичен центар како едукативен центар за германски јазик за сите јазични нивоа и возрасни групи, традиционално приредува божикна забава веќе неколку години.
– Оваа година во соработка со едукативниот центар на ЗОО Скопје ќе креираме заедничка божикна приказна, информира Германскиот јазичен центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.